МВР: Нема да дозволиме какви било ескалации на состојбата

by Фокус 17:22
17:22

Министерството за внатрешни работи испрати став по однос на случувањата во општина Бутел и протестот организиран од ДУИ против изградбата на крстот. Од МВР велат дека злоупотребата на етничките и верските симболи што се случува деновиве може да има не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопа процесите за фер, слободни и демократски избори.

-Ги повикуваме сите субјекти да се воздржат од креирање на сценарија со кои се добиваат евтини политички поени, а на сметка на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Министерството за внатрешни работи ги следи состојбите и нема да дозволи какви било ескалации или нарушувања на јавниот ред и мир. Воедно, апелираме до организаторите на овие случувања да имаат во предвид дека секое кршење на законите повлекува соодветни санкции, велат од МВР.

- Advertising -

Поврзани новости