855
Лицето кое се снимаше како вози по вело патеката на бул. 8-ми Септември од хотел Александар Палас кон Илинденска, а снимката се појави на социјалните мрежи, доби парична казна и привремено му е одземено возилото.
„Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено…“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.
Според објавените записници од Шилегов, несовесниот возач доби вкупна казна од 70 евра.