Вучиќ планира дел од вакцините и за несрпските националности во Косово

by Фокус

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар,  изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ предложил за време на вториот контингент во јануари вакцината „Фајзер“ да се донесе и на другите заедници на Косово.

-Лидерите на Република Србија се посветени на грижата за сите граѓани. Особено за време на пандемијата која го тероризира целиот свет веќе една година, одземајќи животи на скоро два милиони луѓе. Со оглед на овој факт, ние сме први во регионот и втори на континентот кои обезбедивме вакцина на „Фајзер“. Затоа започнавме имунизација на најранливиот дел од популацијата, во согласност со професионалните проценки на СЗО. Затоа сметаме дека е во интерес на сите нас да овозможиме што е можно поголемо население да биде заштитено од пандемијата – рече изјави Лончар за „Индексонлајн“.

Вакцините против Ковид-19 пристигнаа во Косово, но не од косовските институции. По наредба на Владата на Србија, стотици граѓани на српската заедница биле вакцинирани во северните општини, пишува „КоССев“.

Поврзани новости