Рама обвинет дека продал дел од Јонско море, за него тоа е „крајна глупост“

by Фокус

По низата обвинувања дека на Грција и продал 12 милји од територијалните води на Јонско Море и станал предавник на националните интереси, албанскиот премиер Еди Рама одговори преку социјалните мрежи наведувајќи дека „сегменти од албанската политика продолжуваат да фрлаат национал-фолклорна кал, без знаење и без мерка“.

„Национал-фолклорна кал на албанската политика без граници, без знаење и мерка, повторно се излеа во дигиталниот океан преку големата клевета за „продажба на морето“ на Грција! На оваа крајна глупост за политичка корист можат да веруваат само оние кои не сакаат ниту да слушаат, ниту да разберат“, напиша Рама.

Тој нагласи дека морето не и е продадено на Грција, туку дека „соседната земја ја искористила можноста да го искористи правото што и е признато“.

„Правото од 12 милји се остварува онаму каде што е можно, а не онаму каде што не е можно, како што е случајот во зоната меѓу нас каде што за линијата на поделба ќе одлучува судот! Грција го искористи ова право неодамна, како што Албанија го направи тоа во 1990 година“, напиша Рама.

Претходно, опозицското Движење за социјалистичка интеграција, трета по големина партија во земјата, го обвини Рама дека продал дел од албанските територијални води.

Поврзани новости