485
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сопре изградбата на барокните фасади низ Скопје, кои што се реновираа по налог на неговиот претходник Коце Трајановски.
Стопирана е изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик за да се вклопат во амбиентот на „Скопје 2014“ во центарот на градот. Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека меѓу стопираните објекти се и зградата на „Пелагонија“ и онаа на ТЦ „Палома Бјанка“, кај кои што веќе се одвиваат градежни работи.
„Дадов усна наредба да се стопираат сите фасади. Станува збор за 95 објекти. За оваа намена биле предвидени околу 90 милиони денари, пари од граѓаните кои ќе бидат заштедени“, вели Шилегов.