Шилегов: Скопје вечер ќе има нов совет, а може и градоначалник

by Фокус

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, по денешното гласање порача дека тој ќе биде идниот градоначалник на главниот град.

-Денеска излегов да гласам на избирачкото место каде што години наназад гласам со своето семејство. Очекувам дека тоа ќе го сторат што е можно поголем број на граѓани на Скопје и во Македонија, бидејќи новата градска администрација што ќе ја предводам така ќе го црпи легитимитетот. Масовноста дава и можност уште вечерва го добиеме победникот за градоначалник на Град Скопје. Во секој случај, вечерва Скопје ќе има нов Совет предводен од СДСМ, што ќе стави конечно крај на десетгодишното неодговорно владеење без грижа за нашите граѓани – рече Шилегов.

Според него, изборниот ден во Скопје и во Македонија поминал мирно со мали неправилности.

Поврзани новости