Заев: Денеска е голем ден за демократијата и слободата, граѓаните избираат промени

by Fokus

Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој попладнево гласаше во избирачкото место во Струмица.

– Денеска по пат на фер, демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат за евроатланска интеграција на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини и развиена економска држава – рече премиерот Заев.

Поврзани новости