Џафери: Изборите да бидат ден кога граѓаните ќе знаат дека се слободни да изберат

by Fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Таљат Џафери посака овие избори да поминат мирно како и предизборната кампања, а денешниот ден да биде празничен.

– Исто како што помина предзобрната кампања, посакувам и денешниот ден да помине во мирна атмосфера, како што е досега. И овој ден како и секогаш кога се избори да биде празничен за граѓаните на Република Македонија. Тоа да биде ден кога тие ќе знаат дека се слободни да го напарават нивниот избор и да ја изберат најдобрата понуда според нив и тоа да стане пракса во нашата земја и за понатаму за да не случуваат работи како порано. Сакам да упатам честитки до сите граѓани, кандидатите за градоначалници и советници. Честито и на оние кои ќе бидат избрани – изјави Џафери непосредно откако гласаше во селото Форино.

Поврзани новости