Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во изјава за Фокус вели дека ниту една улица нема да се затвори и дека сите ќе имаат пристап до кружниот тек кој ги спојува Кисела Вода и Аеродром.
-На куржниот тек се работи согласно правила, сите граѓани ќе имаат пристапен пат до него, вели Шилегов за Фокус.
Жителите на овој дел од Кисела Вода претходно излегоа на протест откако при изведба на градежните работи на улицата, почнаа да се поставуваат ниски ивичници на влезот од улицата.
Граѓаните прашуваа како би влегла пожарна долку нешто се запали и рекоа дека со ова се загрозува сообраќајот на овој дел од градот.
Фокус побара одговор и од Кисела Вода, чиј градоначаник Филип Темелковски во предизборието ветуваше дека ќе се среди инфраструктурата во општината, кога и истакна дека „паушалните предизборни ветувања“ ќе бидат минато за Кисела Вода, но одговор до објавување на текстот не добивме.
Кружниот тек пред три години на голема бина беше најавуван од тогашниот премиер Никола Груевски и екс градоначалниците на Град Скопје и Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец Алексиќ, а неговата изградба почна пред две години.
Трајановски го остави овој проект на новата градска власт со нерешени имотно-правни работи и како што претходно рекоа од Град Скопје, поради тоа се одолговлекувала целосната изградба на кружниот тек.
Александар Тодески