Дел од обвинетите само неколку часа биле членови на злосторничкото здружение, рече адвокатот Дончо Наков

by fokus 11:49
11:49

Големи предмети како Титаник е исклучително тешко да се докажат на суд, рече адвокатот Дончо Наков во воведните зборови во предметот Титаник.

Во своето излагање Наков рече дека според обвинението дел од обвинетите само неколку часа или еден ден биле членови на злосторничкото здружување за кое се товарат.

- Advertisements -

Според него ова е пропуст во обвинението. Тој рече дека во текот на постапката ќе се докаже дека обвинетите не го сториле кривичното дело.

-Ќе докажеме за секој од обвинетите дека не е вршител на делото како што е дадено во актот и дека имаме темпорални наводни пристапувања кон злосторничкото здружение за некои од обвинетите – рече Наков во своето долго и детално излагање.

Како извршители на кривичното дело, рече тој, се сведоци што, додаде, е фрапантно.

Во Титаник се обвинети екс премиерот Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

М.В.

Поврзани новости