423
Денеска граѓаните се сведоци за тоа кој сака да ја продолжи кризата, изјави Петре Шилегов од СДСМ, откако на денешната седница пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сами си репцицираат меѓусебе.
-Реплицирањето сами на себе е кршење на деловникот, рече пратеникот на СДСМ. Апелираме да прекине кршењето на деловникот, единствената платформа на ВМРО-ДПМНЕ е кршење на Уставот. Ние мора да одбереме претседател на Собранието, во спротивно ќе бидеме учесници во разнебитувањето на Македонија, рече Шилегов.
Тој одговарајќи на новинарско прашање, рече дека СДСМ ќе го поддржи Талат Џафери за нов претседател на Собранието.