Коцијанчич: Отворањето на преговорите е условено со имплементирањето на договорот од Пржино и итните реформски приоритети

by fokus

Портпаролката на Европаската комисијата, Маја Коцијанчич, денеска на прес-конференција во Брисел рече дека отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ зависи од имплементирањето на договорот од Пржино и итните реформски приоритети.

-Вие сте свесни какви се правилата и препораките на Комисијата за отворање на преговорите со вашата земја, условена со имплементацијата, односно имплементирањето на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети во земјата. Отворањето на пристапните преговори, кога овие услови ќе бидат исполнети е одлука што ќе ја донесе Советот, рече Коцијанчич.

Таа објасни дека за отворање на пристапните преговори на Македонија со Унијата одлучува Европскиот совет, а не Комисијата.

Поврзани новости