Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, според досега преброените гласови од скоро 97 отсто од избирачките места, освоил 136.281 гласови, наспроти неговиот противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, кој освоил 97.637 гласови.
Според податоците објавени од Државната изборна комисија, Шилегов победил во скоро сите скопски општини, при најголема победи издвојувал во Чаир со разлика од 10.698 гласа.
Исто така, Шилегов го победи Трајановски и во Сарај со разлика од 8.546 гласа, во Центар со 8.525 гласа разлика, во Карпош со 6.664 гласа разлика, во Аеродром со 2.732, во Ѓорче Петров со 1.209 гласа разлика.
Единствено, Трајановски освои повеќе гласа од Шилегов во Гази Баба и во Кисела Вода, каде всушност освои 1.556, односно 905 гласа повеќе од Шилегов.
Што се однесува до гласањето за Совет на Град Скопје, според досега преброените гласови, СДСМ освои 118.292, а ВМРО-ДПМНЕ 93.440 гласови, при што СДСМ освои повеќе гласови во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров и Шутиоризари.
Од друга страна, во Гази Баба, Кисела Вода и Бутел повеќе гласови на советничките листи освои ВМРО-ДПМНЕ, додека во Чаир и Сарај најмногу гласови освои ДУИ.