Од девет општини каде предничи ВМРО-ДПМНЕ, во три советниците на СДСМ добија повеќе гласови

by fokus

СДСМ им ги грабна советите на ВМРО-ДПМНЕ во три од девет општини каде предничат

Од девет општини каде предност имаат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, советничките листи на СДСМ освоија повеќе гласови. Во Пробиштип, Штип и Кавадарци советничките листи на СДСМ добија поголема поддршка од оние на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Кавадарци советничката листа на СДСМ има 10.538 гласа, додека на ВМРО-ДПМНЕ 9146 гласа. Во Пробиштип СДСМ 3.926 додека ВМРО-ДПМНЕ 3.617. Што се однесува до гласањето за Совет во Општина Штип, СДСМ освои 498 повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ (13.471 наспроти 12.973.

Но има пресврт и во општините каде предничи СДСМ. Нивните кандидати се во водство во Ранковце, Бутел, Гази Баба, Брвеница, Лозово и Росоман, но советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ добија повеќе гласови.

Во Гази Баба советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ има 16.970, додека на СДСМ 15.276. Во Бутел ВМРО-ДПМНЕ 7.754, а советничката листа на СДСМ 7.558 гласа.

Мнозинството во Советите сепак го одлучуваа коалициите, па во некои од овие општини поддршка за советнички места добија ГРОМ и ТМРО.

Мнозинството во Советите сепак го одлучуваа коалициите, па во некои од овие општини поддршка за советнички места добија и други партии кои сигурно ќе влезат во советите.

Ова сериозно да ги помати работите во овие општини затоа што една партија нема да има апсолутна власт, одлуките на градоначалниците би зависеле од Советот. Па така доколку се од различна партија ќе треба работата на градоначалникот ќе биде константно следена под будното око на општинскиот совет.

Во дел од овие општини најверојатно ќе дојде до прегласување во изборот на градоначалници, но гласовите за советници ќе останат непроменети.

Поврзани новости