Наместо градоначалник по петти пат, Трајче Димитриев за 72 гласа зад Лазар Петров од СДСМ

by Fokus 12:20
12:20
Трајче Димитриев од ВМРО ДПМНЕ, кој четири мандати по ред беше градоначалник на Демир Капија, овојпат остана зад својот против кандидат од СДСМ, Лазар Петров, со 72 гласа.

Според ДИК, во Општина Демир Капија гласале 2.868 лица, и тоа 1.347 за Димитриев и 1.419 за Петров, со 84,25 проценти излезеност. Димитриев, познат во градот како Трајче Апашот, по 16 години поминати во градоначалничката фотеља, не ја оствари својата амбиција и по петти пат да остане на функцијата.

- Advertising -

Исто како него, по петти пат за функцијата градоначалник се кандидираше и Исмаил Јахоски од ДУИ, за Општина Пласница, кој успеа да освои 1.449 гласови, наспроти противкандидатот Шпресим Ајроски од СДСМ, кој освои 945 гласа.

В.К.

 

Поврзани новости