Шилегов од седница на протест: Утре ќе видиме дали ВМРО и ДУИ се против аболицијата

by Фокус 18:46
18:46

Во моментите кога демонстрантите од Шарената револуција пристигнуваа пред Собранието, привршуваше седницата на која беа откажани изборите, но и министрите од ВМРО-ДПМНЕ се вратија на функциите. По завршувањето на седницата, Петре Шилегов од СДСМ веднаш им се придружи на шарените револуционери и кажа дека СДСМ веќе поднесе иницијатива за автентично толкување на законот за амнестија.

-Доколку иницијативата биде прифатена тоа ќе значи укинување на општата аболиција која ја донесе Иванов. Па сега е моментот да видиме дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се искрени во декларативните заложби дека се против аболицијата, рече Шилегов.

sobb

- Advertising -