„Ако се поништи аболицијата ќе се исполни паролата „Мафија на робија““

by Фокус

Шарената револуција денеска го посети Собранието за да ги потсети пратениците на нивните барања и дека нема да се откажат се додека не бидат исполнети. На демонстрантите им се обрати адвокатот Мирослав Вујиќ.

-Уставниот суд денеска донесе одлука за која пред еден месец одби да расправа. Денес со максимални девет гласа го вратија Трајко Вељановски и останатите во Собрание. Не се почитува Уставот. Но, ако се поништи аболицијата, тогаш ќе се исполни вашата порака „Мафија на робија“, рече Вујиќ.