Шилегов: Непојавувањето на Коце на дебати е ароганција и непочитување на граѓаните

by fokus

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, непојавувањето на неговиот противкандидат Коце Трајановски на вечерашната дебата на телевизија 24 го нарече политичка некултура и ароганција.

-Непојавувањето на Коце на вакви дебати, праската која ВМРО-ДПМНЕ ја воведе не е ништо друго туку потценување на нас останатите кандидати, на граѓаните и на медиумите. Тоа е непочитување и ароганција. Наша задача е да дојдеме и да дебатираме за проблемите, за граѓаните да можат да одлучат за кого да го дадат својот глас. Ова е политичка некултура и потценување на јавноста, рече Шилегов.

Поврзани новости