Адеми: Ја разгледуваме можноста финансиски да ја поддржиме изградбата на црквата во Загреб

by fokus

Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска даде отчет за сработеното во првите 100 дена од формирањето на новата Влада. Тој рече дека првпат во Република Македонија една влада решила прашањето на дијаспората да го крене на едно повисоко политичко ниво.

-Тоа ни даде сериозна обврска на прашањето на дијаспората да му пристапиме систематски и непопулистички во насока на долгорочно решавање на проблемите на дијаспората. Не беше тешко да се утврди дека Македонија нема никаква стратегија во однос на дијаспората. Тоа е така затоа што досега на дијаспората се гледало само низ призмата на изборниот глас, рече министерот.

Тој информираше дека Владата ја разгледува можноста финансиски да ја поддржи изградбата на црквата на македонската дијаспора во Загреб. Додаде дека новата Влада ќе ѝ понуди на дијаспората конкретни поволности како никогаш досега за отворање бизниси и реализирање инвестиции во Македонија.

Поврзани новости