411
– Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог со цел, што е можно по итно, да се договорат и исполнат условите за да може Република Македонија, да спроведе брзи, фер, слободни и демократски избори – порача денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
Тој смета дека време е за нова рунда преговори бидејќи исполнети биле двата предуслова: одложување на изборите поради неисполнети услови и укинување на аболицијата.
Шилегов уште еднаш го повика Уставниот суд да се произнесе за уставноста и законистоста на СЈО, затоа што, како што рече, само така ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата.