Вељановски: Време е да преминеме кон „нордискиот” менталитет

by fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се обрати на Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Софија.

Tаму тој истакнал дека во изминатите две декади, постигнати биле значајни реформи во регионот, кои обезбедиле демократизација на општествата и имплементација на европските стандарди. Но сепак потенцирал дека во следниот период престојат уште многу предизвици кои треба да се решаваат низ отворен дијалог и соработка.

-Покрај политичките турбуленции кои ги доживува регионот, влијанието на глобалните промени во економијата и актуелната мигрантска криза предизвикуваат сериозни потешкотии кај сите земји, без исклучок. Економската соработка, инфрастуктурното и енергетското поврзување се клучни за иднината на регионот, а потребно е и да се фокусираме на солидарност за подобро решавање на мигрантската криза. Отворените прашања треба да се решаваат единствено низ отворен дијалог – рече Вељаноски.

На крајот, Вељоновски порачал дека е време и од „балканскиот” да преминеме кон „нордиски” менталитет, за да се надмине сето она што нe попречува во развојот на регионалната соработка.

Поврзани новости