Шилегов: Нема зошто да имаме нарушени односи со Заев, толку многу поминавме заедно

by Фокус

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во вечерашното гостување во 360 Степени на Алсат М истакна дека нема нарушени односи со лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

-Во прекрасни односи сме, вчера имавме работен ручек. Толку многу поминавме заедно, нема зошто да имаме нарушени односи – рече Шилегов.

Тој истакна дека за нова кандидатура, како легалист, ќе ја испочитува внатрепартиската процедура. Воедно, тој додаде дека не гледа кој би му бил противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не сум оптоварен кој ќе ми биде противник. Жал ми е што не успевам да видам дека ДПМНЕ креира политика за Град Скопје. Нивната советничка група не настапува со понуда, држат прес со црн лампион – рече Шилегов.

Притоа, тој рече дека направил многу проекти во делот на инфраструктурата, зеленилото, третманот со отпадот…

Поврзани новости