Прскањето против комарци најверојатно ќе се реализира наредниот викенд. Иако постапката за јавни набавки е почната уште од 19ти февруари, прскањето доцни поради процедурални причини.
Градоначалникот Шилегов денеска информираше дека доколку се одбие жалбата на седница на Советот на Град Скопје, нема да има проблем за спроведување на постапката.
„Жалбената постапка е во тек, ќе биде предмет на обработка на соодветната комисија на седница на Советот на Град Скопје во среда. Доколку биде одбиена жалбата, очекуваме наредниот викенд да биде прскано против инсекти.“ – вели Шилегов.
Прскањето против комарци секоја година се прави во овој период, но од Град Скопје додаваат дека годинава ќе се спроведе малку подоцна, поради тоа што за првпат побарале мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое ќе се употреби.