Прегазено петгодишно девојче, со тешки повреди пренесено во болница

by Fokus

Петгодишно девојче било прегазено и со тешки повреди е пренесено во болница, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 16.00 часот на ул. „1“ во село Студеничани, скопско, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.З.(40) од с.Вражале, удрило во петгодишно девојче од село Студеничани. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“  каде му била укажана лекарска помош и било задржано на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости