676
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес конференција порача дека на новата зелена површина која никна на градскиот плоштад пред 8 години било планирано да се изгради станбен објект.
„Со ова воведуваме нови стандарди на градскиот плоштад и ова е најубавиот плочник што постои на нашиот град. Овој простор со зелениот кров на ГТЦ се нов стандард да им послужат на граѓаните, каде може да ги поминат своите моменти. Овој тревник во 2012 бил продаден од тогашна власт. На овој простор требало да никне 20 метарска зграда. Додека сум јас градоначалник, ќе се грижиме овој простор да остане јавен простор. Нема да дозволиме да никне зграда. Овде нема да се прават барокни експерименти и тревникот ќе остане“, рече Шилегов.