Спасовски објаснува: Одлуката за патувања на фунционерите во странство е само за настани поврзани со корона вирусот

by Fokus

Владината одлука за патувањето на избрани и именувани функционери во странство е за да се изготват протоколи со цел да можат да присуствуваат на настани што ќе се одржуваат во регионот, а ќе се однесуваат на корона вирусот, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите дека избраните и именувани функционери по патување во странство нема да бидат во задлжителен државен карантин, Спасовски кажа дека со таквите тврдења се дезинформира јавноста и се прави тема од нешто што го нема.

– Прво нема никаква одлука дека нашите државјани не можат да ја напуштат земјата. Второ, одлуката за протколите е да се изготват за да можат функционерите да патуваат пред се за одредени настани во регионот кои ќе се однесуваат на корона вирусот, истакна Спасовски во изјавата за медиумите по сведочењето во судот за случајот за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април.

Поврзани новости