Шилегов: Ќе ја испочитувам волјата на граѓаните и ќе го оставам ГТЦ отворен

by fokus 14:59
14:59

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, вети дека Градскиот трговски центар ќе остане отворен наспроти намерите на власта на ВМРО-ДПМНЕ да се затвори е преслече во барок. Шилегов денеска изјави дека новата градска администрација ќе ги почитува и спроведувa сите граѓански иницијативи и демократски механизми, петиции, претставки и референдуми.

Идната локална самоуправа, рече тој, ќе се води исклучиво од потребите на граѓаните, а одлуките ќе се носат исклучиво во консултација со нив и со стручната јавност.

-Затоа и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните за изгледот на ГТЦ и ќе го оставиме отворен за сите. ГТЦ бил изграден за да биде отворен, таков и ќе го направиме. Ќе ги санираме штетите од досегашната негрижа и ќе направиме зелен покрив на ГТЦ, за да го надоместиме лудилото со сечење на зеленилото што ни се случи во изминативе години – рече кандидатот на СДСМ.

- Advertising -

Тој најави задолжителен пристап со лифтови до кровот, за да им се помаге на дуќанџиите да ги вратат муштериите во ГТЦ.

 

Поврзани новости