Рашковски им ја скрати апанажата на претходни министри зашто го пречекориле лимитот на службените телефони

by fokus 15:29
15:29

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски му скратил на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски од апанажата за јуни, јули и август вкупно 20.148 денари, за колку што го пречекорил лимитот на службениот мобилен телефон во мај и во април, пред да ја напушти функцијата, пишува порталот „САКАМДАКАЖАМ.МК“.

Истото им го сторил на неговиот претходник, Кирил Божиновски и на останатите ексминистри без ресор, во поранешната влада: Горан Мицковски, Џери Наумоф, Веле Самак и Бил Павлески.

- Advertising -
"

Рекордер во надминување на лимитот на службениот мобилен, за овие два месеца бил ексминистерот Џери Наумоф, кој според извештаите за направените сметки ја пречекорил дозволената сметка за 259.580 денари. Наумоф не зел апанажа два месеци.

Рашковски, вели дека Пешевски, Мицковски, Наумоф, Самак и Павлески за пречекорен лимит на службените телефони ѝ должат на државата 300.000 евра од претходно направени телефонски разговори.

„Поднесов пријава до Министерството за внатрешни работи против овие петмина поранешни министри без ресор. Сумата е голема, треба и неа да ја вратат во буџетот. МВР го истражува случајот“, вели во изјавата за „САКАМДАКАЖАМ.МК“.

Поврзани новости