607
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска побара од Државната комисија за спречување на корупцијата да ги испита сомнежите за постоење корупција и судир на интереси при реализација на набавката.
– Со цел спречување на ширењето лажни вести и дезинформирање на јавноста, побаравме од ДКСК, преку своите механизми, да спроведе постапка за утврдување на наводните нерегуларности и на тој начин да ги информираме граѓаните на Скопје за уредноста на постапката при набавката на ваквата противпожарна скала – изјави денеска Шилегов.