Димитров: Земјата ќе се врати во нормала кога луѓето масовно ќе се вакцинираат

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, од денешната прес-конференција ги повика граѓаните на Македонија масовно да се вакцинираат, за како што рече, да се вратиме во нормално живеење.

„Земјата ќе се врати во нормала кога повеќе луѓе ќе се вакцинираат. Ние сме јужен народ, кој е зависен од социјализација. Верувам дека со вакцинацијата, ќе се вратиме во нормално живеење и работење како што беше пред пандемијата“, истакна Димитров.

Поврзани новости