Екс-амбасадорот Несими ја тужи Македонија за лустрацијата

by Fokus

Поранешниот македонски амбасадор во Хрватска, Махи Несими, денеска во Граѓанскиот суд Скопје, поднесе тужба против Северна Македонија, затоа што, како што тврди, е крајно оштетен со решението на Комисијата за верификација на фактите.

По првото рочиште во Граѓанскиот суд, Несими посочи дека со решение на Управниот суд, тој е прогласен за невин и врз основа на тоа денеска поднел тужба за надомест на претрпената штета.

– Не сакам да кажам ништо, не сакам ништо да прејудицирам, како што не кажував ни во текот на 7-8 години на судењата во Управниот суд. Јас побарав една разумна отштета со оглед на тоа каква штета ми е нанесена не само мене, туку и на целото семејство. Тогашниот режим произведе инквизитори, а сега е редно државата тоа дејствување на режимот и инквизиторите да го плати. Мислам дека мојата лустрација имаше политичка позадина, тоа е докажано и во суд, изјави Несими.

Поврзани новости