Шилегов: Иванов ја потврди катастрофалната економска политика на Груевски

by Фокус

 

Претседателот Ѓорге Иванов пред Амбасадорскиот совет зборувал за бескорисноста од економските промотори коишто се промашена инвестиција, а годишно црпат неколку милиони евра буџетски народни пари, на тој начин потврдувајќи дека неспособната власт изминативе години фрлила во Агенцијата за странски инвестиции над 43 милиони евра пари на граѓаните буквално за ништо, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

-На странските инвеститори поважно им е дали Македонија е правна држава отколку дали над владата лета цепелин со порака Инвест ин Маседониа. На странските инвеститори поважно им е дали некој ќе ги остави да работат без да ги рекетира, отколку дали Владата ќе дели македонски пасоши на затвореници од калибарот на Субрата Рој – истакна Шилегов.

Според него, Македонија останува на дното во регионот по директни странски инвестиции.

Поврзани новости