Јолевски сакаше да прекине незгодно интервју

by Фокус

Министерот за одбрана Зоран Јолевски се обиде да го прекине интервјуто за телевизијата АлсатМ откако не му се допаднаа прашањата од новинарката Наташа Стојановска.

За време на интервјуто за општата состојба и спремност на АРМ и за вклученоста на армијата во справувањето со поплавите, во еден миг, по консултација со вработен во неговата служба за односи со јавност, Јолевски сакаше да го прекине интервјуто.

Спорното прашање, кое се однесуваше за опремата која министерствата ја барале од странските амбасади по поплавите, е во 11-тата минута од видеото.

Поврзани новости