491
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги повика граѓаните да дадат свои идеи за справување со проблемот со загадувањето. Тој порача дека сите граѓани кои имаат идеи или предлози, можат да ги претстават во понеделник во просториите на Град Скопје, помеѓу 12:30 и 14:30 часот
-Заедно ќе ги ги разгледаме можностите колку тие решенија се применливи и колку реално можат да придонесат во решавање на проблемот – рече Шилегов.
Паралелно со поскапувањето на цените за паркирање во Центар, Шилегов најави поевтинување на билетите во јавниот градски превоз. На тој начин, смета градоначалникот, би се дестимулирале граѓаните од користење автомобили и би се мотивирани да се превезуваат со градските автобуси.