402
ДУИ не се однесува партија, туку како општински комитет од Мала Речица, рече пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, пред собранието да ги изгласа новите министри на „интегративците“.
– ДУИ беше нем сведок и соучесник на партизирањето на институциите. Сега излегувате и велите дека сте спремни за реформи а година и пол по проектот „Вистината за Македонија“ не направивте никаква реформа – рече Шилегов.
Според него, ДУИ пробува со ова да се „испере“, но не може бидејќи, како што вели, тие не се чисти туку се се поцрни.