Собранието ги избра и спорните министри

by Фокус

Собранието на Република Македонија ги избра новите новите министри и заменици министри предложени од ДУИ.

Арлин Зеколи и Беким Максути иако беа спорни во првичниот предлог на премиерот Емил Димитриев, сепак се најдоа на дневен ред на собранието.

Како што јавуваат медиумите Зеколи бил спорен бидејќи кон него имало отворен процес и се гонел кривично додека пак Максути е еден од офицерите кои што во униформа на АРМ се поклони во кумановско Слупчане пред споменикот на ОНА.

Во кусото експозе, Димитриев ги потсети дека тие влегуваат во техничка влада која има само една цел, да ги спроведе изборите на 5-ти јуни.

Поврзани новости