489
СДСМ евентуалните преговори ги гледа како последна шанса Никола Груевски цивилизирано да замине од функцијата која што ја обавува и последна шанса Република Македонија цивилизирано да ја промени својата власт. Доколку Никола Груевски не сака да замине вака, ќе замине на друг начин, изјави денеска Петре Шилегов гласноговорникот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање дали опозицијата има намера да ги продолжи преговорите со власта.