„Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да го избегнат соочувањето со одговорноста за направените криминали и злодела со тоа што го одложуваат изборот на новата Влада, истакна Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
– Изборот на новата реформска Влада значи крај за Сваровски судството. Новата власт значи крај за судии избрани од тевтерчиња кои ги штитат криминалите на Никола Груевски раководството на ВМРО-ДПМНЕ и носат нарачани судски пресуди против политички неистомисленици. Груевски и соработниците знаат дека промените носат и крај за балските интервенции кај државниот обвинител Марко Зврлевски, за кумовските врски како онаа на Трајко Вељановски и Јово Вангеловски, за кадровските пајажини во судството што ги прават Груевски и фамилијата и сега на заминување, како што се последните примери на смени во Кривичниот суд – рече Шилегов.
Новата реформска Влада, веднаш по изборот ќе предложи продолжување на рокот во којшто Специјалното јавно обвинителство може да покренува обвиненија, за расчистување на скандалот со прислушувањето и понатамошна борба против корупција, криминал, злоупотреби на власта.