ВМРО-ДПМНЕ промовираше „Манифест за единствена Македонија“

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска промовираа „Манифест за единствена Република Македонија“, кој пред одреден период беше најавен од лидерот на партијата, Никола Груевски.

Според Антонио Милошоски, тоа е документ со смерници, насоки и принципи кои би требало земјата по пет, 10 или 15 години да ја водат по еден просперитетен пат како унитарна држава, напредна, економски развиена и сплотена како кохезивно мултиетничко општество.

Националното обединување, зачувување на суверенитетот на државата, црвените линии во однос на името, нераскинливоста на македонската дијаспора, македонскиот јазик како обединувачки за сите граѓани со почитување и на останатите јазици кои ги говорат граѓаните, функционирањето на правната држава, одржување попис по европски стандарди, членството во ЕУ и НАТО, како и развој на стабилна економски просперитетна Македонија се дел од темите кои ги акцентира овој Манифест на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека тука се користени идеалите содржани во Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското востание од 1878 година, Крушевскиот манифест од 1903 година, Мајскиот манифест од 1924 година и Манифестот на АСНОМ од 1924 година, како и Декларацијата за сувереност од 1991 година.

– Поучени од искуствата за штетноста од внатрешни поделби и притисоци од надворешни закани кои ја загрозувале нашата татковина, свесни сме за обврската да обезбедиме просперитетна држава за сегашните и идните генерации, предлагаме нацинално обединување на сите граѓани, интелектуалци, граѓански здруженија, верски организации и политички партии околу Манифестот за единствена Македонија – додаде Милошоски.

Фото: А1он

Поврзани новости