381
Дел од новинарите, членови на здружението МАН, денеска пред седиштето на СДСМ протестираа за искршен влез на Радио Слободна Македонија, нападната фоторепортерка на МИА и за нападната екипа на Сител во која била и уредничката на Вечер, Ивона Талевска.
На улицата Павел Шатев се паркираa и десетина автобуси од ЈСП, поради наводното демолирање на автобуси од страна на поддржувачи на опозицијата кои деновиве протестираат во Скопје.
– Очигледно е дека Груевски започна со контрапротести. Ако навистина сакаме да го бараме вистинскиот нарачател на овие инциденти, тогаш новинарите од МАН наместо десно, требаше да завртат лево, веројатно таму уште живее Никола Груевски, вистинскиот нарачател на тие настани – изјави портопаролот на СДСМ Петре Шилегов.