ЛДП: ЕБР да објасни како од обезбедување на Владата, стигнаа до градската библиотека “Браќа Миладиновци“

by Фокус

Либерално-демократската партија денеска до Основното јавно обвинителство  достави кривична пријава против непознати сторители, вооружени лица вработени во Министерството за внатрешни работи,  конкретно во Единицата за брзо распоредување.

– Како партија, чии основни постулати се демократијата и слободата на граѓаните не можеме да останеме рамнодушни на случувањата од 5 мај, кога во доцните часови, вооружени лица вработени во МВР- Единицата за брзо распоредување влегле во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје и без никаков повод и причина ги нападнале вербално, а потоа и физички присутните студенти, со изговор дека бараат демонстранти, при тоа со гумени палки повредиле неколку студенти, се заканувале, ги туркале, а од нив под присила барале и да признаат дека биле демонстранти – изјави портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

Поврзани новости