Марш против насилството врз новинарите

by Фокус

Попладне во 18 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, се организира мирен протестен марш против насилството врз новинарите.

Протестот во Струмица следува по објавените разговори од опозицијата во кои се открива обидот за сокривање на доказите за спроведување темелна истрага за трагичното загинување на доајенот на македонското новинарство Никола Младенов, како и поради насилството врз новинарите од страна на полициските безбедносни структури.

Протестниот марш ќе тргне од плоштадот „Гоце Делчев“ кон Основниот суд – Струмица и ќе заврши на плоштадот.

Поврзани новости