Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска побара објаснување од Зоран Јолевски за содржината на разговорите со американскиот конгресмен Дејна Рорабакер, по неговата контроверзна изјава за распад и поделба на Македонија.
-Министерството за одбрана пак, е должно да одговори со кој друг се сретнал министерот Јолевски. Дали тоа биле приватни или службени средби и дали македонската јавност треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски? Ако според официјалните информации посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети? Кој го платил преклопувањето на партијата и државата и дали Јолевски од позиција на министер лобирал за партиски интереси?, праша Шилегов.
Тој додаде дека недозволиво е министер за одбрана да користи привилегии за да организира приватни екскурзии и средби низ светот, а веднаш по неговите средби да излегуваат изјави дека Македонија наводно ќе се распадне.