Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната прес конференција, на новинарско прашање дали се изготвени кандидатските листи, рече дека партијата се уште не размислува за тоа бидејќи е рано и затоа што приоритет на опозицијата било формирањето на широк фронт за борба против актуелната власт.
-Болните спинови на ВМРО ДПМНЕ, имајќи го предвид стравот од извесниот пораз на 11 декември, го прават токму тоа да се разговара за теми во јавноста, коишто реално не постојат. Во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се разговара за пратеничките листи се уште бидејќи е прерано, она што е приоритет и на Република Македонија и на сите слободарски граѓани на Република Македонија и на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е да формираме и да се создаде што е можно поширок фронт во борбата против режимот на Груевски- рече Шилегов.