Стечајците сепак протестираа

by fokus

Иако утрово не успеаа да ја блокираат наплатната рампа Романовце поради силното полициско обезбедување, стечајните работници сепак излегоа на протест.

Десетици членови на Здружението на стечајци „УНИТ” околу еден час ги блокираа влезовите и излезите во Куманово кои водат до автопатот Куманово- Скопје.

Претседателката на УНИТ, Љиљана Георгиевска ги повика власта и опозицијата конечно да се договорат за решавање на нивниот статус и еднаш засекогаш да се реши нивната дведецениска голгота.

Таа најави и дека во наредниот период ќе ги интензивираат нивните активности и наредната недела ќе организираат марш на релацијата Куманово-Скопје.

Инаку, Георгиевска и координаторот Али Османи, завчера беа повикани во полициската станица во Куманово, каде биле опоменати да не излегуваат на протест.

Поврзани новости