Шилегов: Бегањето од соочување на Арсовска ме потсетува на едни други времиња

by fokus

На телевизија Телма вечерва гостува Петре Шилегов. Водителката објасни дека двајцата кандидати за градоначалник на Скопје гостуваат во посебни емисии, а не во дебата, бидејќи Данела Арсовска рекла дека не сака да доаѓа на дебата со Шилегов, затоа што се чувствува навредена од него.

Шилегов на ова одговори дека тој со ништо ја нема навредено Арсовска, а дека ова бегање од дебата го потсетува на некои други времиња.

-Навредливо за скопјани е двајцата главни кандидати да не го видат судирот на концептите и врвот на демократаија е дебатата. Дебата се одвива меѓу двајца кандидати, за публиката. Мене ова ме потсетува на други времиња, кога немаше дебати. Станува збор за тоа дека се сериозно свесни дека кога ќе дојдеме тет а тет целосно ќе се разобличат флоскулите кои ги кажува. А, јас со ништо ја немам навредено Арсовска, вели Шилегов.

Поврзани новости