Со 280 илјади евра ќе се „дислоцира и мултиплицира“ зеленилото кое ќе се уништи за БРТ

by fokus

Актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека при имплементација на новиот систем на транспорт БРТ ќе се дислоцира зеленилото кое се наоѓа на средината на булеварите, но и истото ќе се зголеми.

-Ако го пратевте сообраќајниот идеен концепт, ќе го имавте одговорот. Во самата кредитна линија се предвиени околу 280 илјади евра за дислокација и за мултиплицирање на зеленилото. Коридорот од двете страни се заштитува со жардињери. Сега ако имате еден ред на дрва на Партизанска, тогаш ќе имате два реда. Најзелниот проект на ЕБРД кој го има финансирано е овој проект на град Скопје, рече Шилегов.

Поврзани новости