Шестгодишно девојче починало во болницата во Битола

by Fokus

Трагедија во Битола, шестгодишно девојче од село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница, пренесува „Независен“.

Според информациите на медиумот, блиски на семејството на починатото девојче раскажале дека детето со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажале, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврдил дека има починато дете, и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

„Вчера околу 10 часот девојчето е примено на Одделението за педијатрија, третирано е со терапија и нешто по 14 часот му се влоши состојбата по што почина. Како болница побаравме обдукција која е во тек, а резултатите од неа ќе бидат дадени на Обвинителството, по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта“, изјави д-р Обедниковски.

 

Поврзани новости