Шестгодишен ученик со пиштол ја ранил наставничката, но нема да му судат

by Fokus

Хауард Гвин, обвинител во американскиот град Њупорт Њуз рече дека е малку веројатно дека шестгодишното момче кое пукало во својата учителка во основно училиште ќе биде обвинето. Сепак, сѐ уште не е донесена одлука дали ќе биде поднесена кривична пријава против некое полнолетно лице.

На 6 јануари, ученикот донел пиштол во ранецот и ја застрелал 25-годишната учителка Абигејл Цвернер во раката и градите, но таа го преживеала нападот. Гвин верува дека започнувањето на судски процес би било „проблематично“ бидејќи момчето е премладо за да го разбере правниот систем, пишува „Би-Би-Си“.

„Нашата цел не е само да направиме нешто што е можно побрзо. Кога ќе ги анализираме сите факти, ќе обвиниме секое лице или лица за кои веруваме дека можеме да докажеме без разумно сомневање дека извршиле кривично дело“, рече Гвин.

Поврзани новости