Шест лица загинале во американскиот ракетен напад на сириска воена база

by fokus

Сириската армија соопшти дека во американските ракетни напади врз база на сириските Воено воздухопловни сили биле убиени шест луѓе и се нанесени огромни материјални штети.

Според Си Ен Ен во источниот Медитеран испалени се 50-60 ракети „томахавк“ на позициите на сириската војска. Операцијата ја нареди претседателот Доналд Трамп како одговор за нападот на силите на Башар ал Асад во Идлиб. Во витален интерес за САД е да се запре ширењето на смртоносното хемиско оружје, порача Трамп.

Ракетниот напад што го изведоа САД е „единствениот“ и се очекува така и да остане, изјави неименуван американски функционер за Ројтерс, иако САД повикаа на поддршка од светот.

Кремљ оцени дека американските напади нанеле огромна штета на руско- американските односи. Тој уште еднаш го повтори рускиот став дека во Сирија не е користено хемиско оружје.

Американскиот напад врз позиции на сириската војска е резултат на нападот во Идлиб, каде има сомение дека е користено хемиско оружје.

Наредбата Трамп ја издаде од Флорида, каде со него во тоа време виле и државниот секретар Рекс Тилерсон, и неговиот советник за безбедност Х.Р. Макмастер.

Како што пренесува Си Ен Ен, Трамп во текот на нападот бил на вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг, додека секретарот за одбрана Џејмс Матиста го информирал за текот на операцијата во Сирија.

-Вечерва го наредив овој воен напад на позиции во Сирија од кои е извршен нападот со хемиско оружје. Нема спор околу тоа дали Сирија користела забрането оружје и ги прекршила обврските кои ги има според Конвенцијата за хемиско вооружување и ги игнорираше апелите на Советот за безбедност на ОН. Годините на обиди да се промени Асад поминаа, и тоа многу драматично, изјави Трамп.

 

Поврзани новости